Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Визија и мисија

Среда, 03 Август 2011 07:23 Администратор
Печати PDF

ВИЗИЈА

Домашно и меѓународно препознатливо инспекциско тело за оцена на сообразност на производи, периодични технички прегледи и испитувања на техничка опрема и метални конструкции.

МИСИЈА

Вршење на инспекција при оцена на сообразност, технички прегледи и испитувања на техничка опрема и метални конструкции според законски одредби, прописи, национални и меѓународни стандарди, а со примена на најновите достигнувања и методи, согласно со потребите и барањата на корисниците на услугите.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

Основните принципи на политиката за квалитет во вршењето на инспекциската дејност се:

 

  • целосно исполнување на барањата на корисниците со почитување на законската регулатива и  стандардите,
  • извршување на активностите со највисок квалитет за секој корисник без финансиски и други влијанија,
  • применување, одржување и подобрување на системот за управување со квалитет согласно со ISO/IEC 17020,
  • примена на најсовремени мерки и опрема за заштита при работа од страна на сите ангажирани лица,
  • грижа за безбедноста и здравјето на лицата и безбедноста на имотот при вршење на активностите од дејноста
  • грижа за постојана заштита и унапредување на животната средина,
  • одржување на односот со корисниците на услугите на принципот на почитување и взаемна доверба,
  • обезбедување доверливост на информациите добиени од корисниците на услугите и заштита на нивните сопственички права,
  • обезбедување независност и непристрасност на целиот персонал од инспекциското тело, како и не постоење на конфликт на интереси кај нив,
  • постојано подобрување на квалитетот на инспекциите преку усовршување на кадарот и воведување  на  нови методи и  опрема за инспекција,
  • употрба на висококвалитетна соодветно калибрирана опрема при извршување на дејноста,
  • исполнување на барањата за квалитет, дефинирани во политиката и процедурите, од страна на сите лица ангажирани во дејноста, преку професионална ангажираност и посветеност,
  • соработка и размена на искуства со други тела од областа.
Последно освежено на Понеделник, 07 Мај 2012 09:57
You are here:   HomeЗа НасВизија и мисија
| + -