Поединечна верификација за лифтови (Модул “G”), во смисла на правилникот за пуштање на пазар на лифтови и сигурносни уреди за лифтови, е постапка со која монтажерот на лифтот гарантира и изјавува дека лифтот кој се пушта на пазарот и кој се здобил со сертификат за сообразност наведен во член 137 од овој правилник ги исполнува барањата утврдени со одредбите на овој правилник.
Испитување на тип на лифт (модул “B”), во смисла на правилникот за пуштање на пазар на лифтови и сигурносни уреди за лифтови, е постапка со која овластеното тело се уверува и потврдува дека лифтот модел, или лифтот кој не е дополнет или изменет, ги исполнува барањата утврдени со одредбите на правилникот.
Завршната инспекција за лифтови, во смисла на правилникот за пуштање на пазар на лифтови и сигурносни уреди за лифтови, е постапка со која монтажерот на лифтот, кој ги исполнува обврските утврдени во член 93 од овој правилник, гарантира и изјавува дека лифтот што е пуштен на пазарот ги задоволува барањата од овој правилник.